Српски студенти пристигнуваат во Белград за големиот протестен собир на 15 март / фото: „Икс“

За студентите протестот во Белград е завршен

„Студентскиот протест завршува. Нашите стражари ги соблекоа елеците. Апелираме до граѓаните безбедно да се повлечат“, порачаа на социјалните мрежи.
Учениците во блокадата пријавиле дека од правец на Паркот Пионер биле фрлани шишиња и камења.

ФОТО | „Дали се потите додека не броите“- со порака објавена програмата на протестот во Белград

Илјадници луѓе денес ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите во блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад.

МУП: На протестот на сите локации во Белград, бројот на учесници е околу 107.000

Катастрофата на железничката станица беше искра што ја разгоре долготрајната горчина поради наводната корупција и слабиот надзор во градежните проекти поради што и движењето стана се помасовно.

Во објавите на социјалните мрежи, студентите ги повикаа присутните на протестот да дејствуваат „на мирен и одговорен начин“ за кој упорно повторуваат дека – Целта на ова движење не е упад во институциите, ниту да ги напад „врз оние кои не мислат како нас“.

„Ова движење не смее да се злоупотребува“.

Митингот официјално почна во 16:00 часот и требаше да трае до 21:00 часот. За 22 часот најавено е обраќање на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот