За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка

евра
Евра / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

 Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека  оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0 проценти и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.

До Владата, посочуваат, е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031  лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97 отсто. Од нив, се одобрени 2703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.

Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1422  или 53 отсто, потоа следуваат микро компании  1052 или  39 отсто, трговците поединци кои се 171 ил шест отсто и 58 занаетчии или два отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот