За стартување на мозокот – секое утро сок од портокал

Голем број на луѓе за прв утрински пијалок го одбираат кафето или чајот, но опцијата сок од портокал не е резервирана само за фитнес фриковите, покажаа истражувањата.

Утринското кафе на многумина дефинитивно им е најомилениот пијалок, но дали сте се обиделе да го замените со свежо цеден сок од портокал?

Доколку ги послушаме експертите, сокот од портокал би требало да ни биде првиот избор и тоа како што тврдат тие, ќе го поттикне вашиот мозок во текот на целиот ден подобро да функционира.

Важно е само да си создадете навика секојдневно да го практикувате ова, а подоцна и резултатите ќе ви покажат дека тоа се исплатело.

Имено, работата на мозокот ќе се подобри од консумацијата на флавоноиди, а колку подолго го практикувате ова, толку резултатите ќе бидат подобри.

Затоа, обидете се секој ден по станувањето, вашиот прв напиток да биде свежо исцедениот сок од портокал, потоа не го заборавајте појадокот и на крај уживајте во вашето омилено кафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот