За советничко место во Елбасан во трка и Македонецот Индрит Абдиај - Слободен печат
ВестиРегион

За советничко место во Елбасан во трка и Македонецот Индрит Абдиај

На синоќешната средба со граѓани тој ја повтори определбата за зголемување на зелените површини и оние за рекреација и минимизирање на нивото на загаденоста во општината.

Индрит Абдиај, Македонец по потекло од селото Требиште, Голо Брдо е во трка за советничко место во Советот на Општина Елбасан.

Абдиај, кој беше член на Советот на оваа општна и во измнатите четири години, е кандидат на Партијата на зелените, која е дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија” предводена од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама.

На синоќешната средба со граѓани тој ја повтори определбата за зголемување на зелените површини и оние за рекреација и минимизирање на нивото на загаденоста во општината.

Во трка за советничко место од Партијата на зелените е уште еден Македонец. Тоа е Илче Колефски, кој е на кандидатската листа за Советот на Општина Тирана.

Тој преку Фејсбук побара подршка од граѓаните на Тирана, за сите заедно да „дадат придонес денес, за поинаква Тирана утре”.

На утрешните локални избори во Албанија, со кандидати-Македонци за советници учествува и партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за Општина Пустец каде по четврти пат довербата за градоначалник ќе ја побара Едмонд Темелко од истата партија.

Советот на Општина Пустец брои 13 членови. На минатите збори седум советници освои МАЕИ, додека остантите беа од Социјалистичката и од Демократската партија, која сегашните избори ги бојкотира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close