За снимката со Џафери треба да има постапка во Собранието, вели Ковачевски

Димитар Ковачевски/ Фото Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека постапката поврзана со снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, треба да се одвива во законодавниот дом, кој е независен од извршната власт.

Во однос на тоа како ќе се однесуваат пратениците од СДСМ во врска на оваа постапка ,тој вели дека треба да се види како таа ќе се одвива и какви податоци, документили или докази ќе бидат понудени.

„Mора да ја видиме и дисциплинската постапка и потоа да видиме пратениците како ќе се однесуваат согласно со податоците и согласно со нормално документите коишто таму ќе бидат презентирани, рече во Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Собранието, додаде премиерот, има соодветни комисии во кои се разгледува однесувањето на пратениците во Собранието во однос на усогласеноста со етичкиот кодекс на однесување.

„Колку што знам, веќе дел од пратениците имаат иницијативи во таа насока и затоа јас би се повикал прво на следење на процедурата, следење на етичкиот кодекс на однесување и следење на процедурите во Собранието на Република Северна Македонија. Зошто? Затоа што да не заборавиме Собранието е посебна законодавна власт во државата, Владата е посебна – извршна власт и секако дека претседател на Влада не може да биде тој што ќе спроведува процедура во однос на она што го има како процедура во Собрание. Јас се надевам дека таму согласно со сите наводи и докази коишто ги споменавте дека ќе биде испочитувана процедурата и дека соодветно ќе бидат донесени понатамошни одлуки коишто се во надлежност на Собранието, меѓутоа и на други постапки“, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот