За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Министерството за образование и наука информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 кои, согласно Конкурсот, беше утврдено дека треба да се поднесуваат од учениците преку интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

– Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 4 јули до 15 јули 2020, односно од 10 јули  до 20 јули 2020  во домовите „Искра” во Штип и во скопските „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов” и „Св. Наум Охридски” во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби. Сите други услови од Конкурсот остануваат исти, објави МОН на својата веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот