За словенечките пратеници проширувањето на ЕУ е долгорочен, но важен процес

Влада на Република Словенија, април 2020 / Фото: Архива

Словенечките пратеници Франц Богович, Тања Фајон и Клемен Грошељ истакнаа дека проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан е долгорочен, но многу важен процес за двете страни.

Во онлајн дебата организирана од Канцеларијата за врски на Европскиот парламент, тие оценија дека овонеделниот самит ЕУ-Западен Балкан претставува можност да се потврди посветеноста за проширување.

Тие се согласија дека ЕУ е должна да им понуди позитивни промени на граѓаните од Западен Балкан, што треба да ги почувствуваат уште пред да влезат во ЕУ, јави СТА.

Тие предупредија дека проширувањето кон Западен Балкан е многу долг процес и дека луѓето во тој процес не смеат да ја изгубат желбата да се приклучат на Унијата.

Според нив, ЕУ треба да ја подобри директната комуникација со граѓаните од Западен Балкан, а вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ, кога ќе ги исполни критериумите за пристапување, е во интерес на целиот регион

Извор: МИА

Видео на денот