За Сити нема криза, Гвардиола ќе има 250 милиони фунти за засилувања

Гвардиола подготвува одговор за Јунајтед кој го врати Кристијано Роналдо на „Олд трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Сопствениците на лидерот во Премиер лигата се подготвени да го одврзат кесето и да вложат во нови засилувања.

Манчестер сити се наоѓа пред освојување на титулата во Премиер лигата, а ќе игра во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но управата и тренерот Пеп Гвардиола веќе се подготвуваат за наредната сезона.
Гвардиола за идната сезона планира да донесе само две засилувања, а сопствениците на Сити ќе направат се за да му удоволат на својот тренер и затоа му одобрија буџет од дури 250 милиони фунти  за да го направи тимот недопирлив.
Првото име во списокот на желби е тоа на Ерлинг Халанд во кого Пеп ја гледа идеалната замена за Серхио Агуеро кој на лето си заминува.
Манчестер сити е подготвен да плати дури 140 милиони фунти за Халанд со што го става во пол позиција за неговиот потпис, а единствен проблем може да претставува агентот на напаѓачот, Мино Рајола.
Рајола и Гвардиола се во лоши односи, но медиумите сметаат дека парите кои се во игра би требало да ги решат сите недоразбирања.

Доколку евентуално не успеат да го донесат Халанд кој преферира да игра во Шпанија, тогаш „граѓаните“ ќе пазаруваат во Интер од каде ќе се обидат да дојдат до еден од двајцата напаѓачи, Ромелу Лукаку или Лаутаро Мартинез.
Второто име е тоа на играчот на Астон Вила, Џек Грилиш и тешко е да се очекува дека тимот од Бирмингем ќе ја одбие понудата од 100 милиони фунти.
Англискиот репрезентативец долго време се наоѓа и на радарот на Манчестер јунајтед кој минатото лето наместо за него се одлучи за поевтината варијанта со Дони ван де Бек и погреши, но летово тешко дека ќе успее да ја исправи грешката бидејќи градскиот ривал е финансиски помоќен и нема да штеди пари за да дојде до Грилиш.
Гвардиола по секоја цена го сака Грилиш бидејќи Кевин де Брујне, Ријад Марез и Илкај Гундоган годинава ќе наполнат 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот