За сите обложувачи, еве „совет“ од Пеп Гвардиола!

EPA-EFE/NEIL HALL

Стратегот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола го коментираше поразот од 2:3 на гостувањето кај Норич. Екипата од „Етихад“ изненадувачки загуби кај дебитантот во најквалитетната англиска лига и сега е пет бода зад лидерот Ливерпул.

– Му честитам на Норич. Првиот гол падна од статичка позиција, а потоа нè удрија од контранапад, па има за што да размислиме. Ќе ја научиме лекцијата и ќе продолжиме понатаму. Создадовме многу позиции, но не успеавме да постигнеме повеќе голови од нашиот противник. Норич е многу силен тим кој има играчи на високо ниво. Можеби ни недостигаше острина. Луѓето не треба да очекуваат дека постојано ќе победиме и на крајот на сезоната ќе имаме 100 или повеќе бодови. Ќе се опоравиме од овој пораз и ќе ги следиме нашите цели – рече менаџерот на Сити, Гвардиола.

Сити по овој пораз е на второто место има еден пораз и едно реми после првите пет кола. Во наредната премиерлигашка рунда ќе ги одмери силите против Ватфорд на домашен терен на 21 септември, а три дена претходно ќе го започне и настапот во Лигата на шампионите во Украина против Шахтјор Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот