За сите инфлуенсери: Бесплатно патување во Саудиска Арабија за подобрување на туризмот

Саудиска Арабија почна да привлекува инфлуенсери од социјалната мрежа Инстаграм со бесплатни патувања за да помогне во подобрување на имиџот на државата, објави Бизнис инсајдер.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман исто така сака да го развие туризмот во земјата, што би придонело долгорочно да се намали зависноста на Саудиска Арабија од нафтата, објави порталот.

Бизнис Инсајдер интервјуирал десетина популарни „инфлуенсери” кои им раскажаа за внимателно подготвено и државно спонзорирано патување што треба да го промени имиџот на Саудиска Арабија.

На тој начин, Саудиска Арабија сака да го одвлече вниманието на јавноста од кршењето на човековите права во земјата, смртната казна и други бруталности, како што е убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Прочитајте и...  Вирусот ја „потопи“ француската економија: Пад на бројот на туристи 30-40 проценти

Понудата опфаќа, меѓу другото, и петдневна турнеја по Саудиска Арабија, која завршува со заминувањето на Гран-при на Формула-1, за што на инфлуенсерите им беа обезбедени ВИП билети.

Организирани биле деветдневни тури за „инфлуенсери, креатори на политики и идни лидери преку „елитна програма за културна размена”, финансирана од државни компании и една професионална организација блиска до владејачкото семејство.

Другите опции вклучуваа присуство на спортски настан во НЕОМ, мегаполис од 500 милијарди американски долари во изградба или посета на владин фестивал за музика и уметност наречен „Зима во Тантора”.

Прочитај повеќе

СЗС: Вучиќ повторно го потврди неуспехот на својата политика на Косово

Слободен печат

Што претставува „плус, плус“ планот на Ахтисари?

Слободен печат

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце

Слободен печат

Асанж и претставници на американската Влада утре ќе се соочат во лондонскиот суд

Слободен печат

Официјално соопштение од Јамајка: Не е донесена одлука за признавање на Косово

Слободен печат

Остави Коментар

4 − 2 =

Прочитај повеќе

Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Иран

Слободен печат

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА БИТКОИНОТ: Инвеститорите со нетрпение го чекаат мај

Слободен печат

Спасовски ќе ја предводи делегацијата на Самитот на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Слободен печат

Вучиќ до Милановиќ: Да ја бакнам земјата пред вашите стапала? Не ми паѓа на памет

Слободен печат

Георгиева: Епидемијата на коронавирусот го загрозува обновувањето на глобалната економија

Слободен печат

Околу 16 илјади македонски државјани живеат во Венето и Ломбардија, каде има изолација на 11 населени места поради коронавирусот

Слободен печат