За што зборувале Путин и Тилерсон пред почетокот на мандатот на Трамп?

Фото: ЕПА/Профимедиа

Тилерсон (67) го познава Путин години наназад, многу пред своето именување во кабинетот на Трамп. За време на 2013 година, кога се приближуваа Зимските олимписки игри во Сочи, Путин го повика Тилерсон на ручек на својата јахта.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека во 2013 година завршил со претседателот на САД, Барак Обама, и дека ќе чека додека Америка не избере претседател со кој би можел да соработува, пишува „Вашингтон егзаминер“, а пренесува српски „Курир“.

– Се откажав од вашиот претседател – му рече тогаш Путин на тогашниот шеф на „Ексон“, Рекс Тилерсон, кој подоцна ќе стане државен секретар на претседателот Трамп.

„Ќе го почекам вашиот следен претседател и ќе видам дали можам да се разберам со него“, рече тогаш Путин.

Тилерсон (67) го познава Путин години наназад, многу пред своето именување во кабинетот на Трамп. За време на 2013 година, кога се приближуваа Зимските олимписки игри во Сочи, Путин го повика Тилерсон на ручек на својата јахта.

Во време кога помина неполна година од вториот мандат на Обама, односот на САД и Русија беше нарушен. Америка го откажа билатералниот состанок со Путин, како една врста на укор поради одлуката на официјална Москва да му даде азил на Едвард Сноуден.

Новата кинга на двајца новинари на „Вашингтон пост“ детално зборува за состанокот на Црното Море меѓу Путин и Тилерсон, каде рускиот претседател ја изнел својата нетрпеливост кон Обама.

Тилерсон подоцна ќе му каже на Трамп: „Единственото нешто што го разбира Путин е вистината и моќта“. Путин, рекол Тилерсон, „се буди секое утро со прашањето: Каде се проблемите на Америка? Идеме таму за да ги направиме уште поголеми“.

Во времето кога Путин се жалел од Обама, Трамп му се обраќа на Путин со надеж дека рускиот претседател можеби ќе присуствува на натпреварувањето за Мис Универзум кое Трамп го планираше во Москва.

Во твит од 18 јуни 2013 година, Трамп напиша: „Мислите ли дека Путин ќе оди на Мис Универзум во ноември во Москва – ако оди, дали ќе стане мој нов најдобар пријател?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот