ЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ПУТИН? Русија на масовна воена вежба ќе го тестира своето нуклеарно оружје – Слободен печат
ВестиПланета

ЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ПУТИН? Русија на масовна воена вежба ќе го тестира своето нуклеарно оружје

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во вежбите ќе учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансирачи, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подоморници.

Руската армија денес започнува сеопфатни тридневни вежби на своите стратешки нуклеарни сили, објавија медиумите.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во вежбите ќе учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансирачи, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подоморници.

Генерал-мајор Јевгениј Илјин, шефот на одделението за меѓународна соработка на министерството, рече дека две интерконтинентални балистички ракети ќе бидат лансирани кон цели на полуостровот Камчатка, рускиот Далечен Исток.

Фото: Профимедиа

Тој додаде дека стратешки бомбардери исто така ќе испукаат и крстосувачки ракети кон неколку локации.

Русија изминатите години со поголем интензитет спроведува воени вежби, во време кога се зголемени тензиите на глобално нивно и нарушени односите со западните земји.

Фото: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close