За што се можете да го употребувате шампонот за коса? – Слободен печат
ЕспресоСемејство

За што се можете да го употребувате шампонот за коса?

Ако ви има останато малку шампон или пак имате некој што не го користите, не фрлајте го туку искористете го на вистински начин.

Освен што ја негува косата и ја прави чиста и мека, вашиот шампон може да направи чуда и во домаќинството. Ако ви има останато малку шампон или пак имате некој што не го користите, не фрлајте го туку искористете го на вистински начин.

1. Доколку имате проблем со патент кој заглавува, нанесете неколку капки шампон на него, па отворете и затворете го неколкупати. Вашиот проблем ќе биде решен за неколку минути.

2. Слично постапете ако имате проблем со вадење на ханзапласт. Нанесете неколку капки шампон на него, почекајте една минута и потоа ќе го извадите безболно.

3. Вратете го сјајот на кожните чевли. Ставете неколку капки шампон на памучна крпа, истријте ги, а потоа поминете ги со чистата страна, и тие ќе заблескаат како да се нови.

4. За рачно перење на чувствителните ткаенини наместо да купувате скапи детергенти, во водата ставете неколку капки шампон за коса.

5. Истото важи и за дамките на алиштата. Ставете неколку капки шампон на дамката, истријте и оставете нека постои. Потоа исперете на вообичаениот начин.

6. Употребете го шампонот како замена за пената за бричење. Шампонот има свиленкаста структура што помага бричот да се лизга подобро, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.

7. Избришете ја прашината од листовите на цвеќињата во вашиот дом. Направете мешавина од вода и неколку капки шампон, намокрете ја крпата па поминете ги листовите.

8. Исчистете ја четката за коса и четките за шминкање. Истријте ги со шампон, а потоа добро исплакнете. Шампонот одлично ги отстранува телесните масти.

9. Измешајте шампон и сода бикарбона за да добиете паста која ќе ви помогне да ги исчистите алуминиумските тркала на вашиот автомобил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close