За што ќе се разговара на средбата помеѓу Помпео и Путин?

Државниот секретар Мајк Помпео на средбата со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров што е закажана за следната недела во Сочи, планира да дискутира за повеќе надворешнополитички теми поврзани со затегнатите односи меѓу Вашингтон и Москва.

Како што изјави денеска официјално лице од Стејт департментот, темите кои ќе бидат допрени на средбата се ситуацијата во Украина, кризата во Венецуела и Сирија како и Иран и Северна Кореја.

Исто така ќе се дискутира и за контрола на вооружувањето. Државниот секретар ќе разговара и за предизвиците во билатералните односи со Русија.

– Имаме многу недоразбирања како руското непочитување на Договорот за ракетите со мал и среден дострел (ИНФ), поддршката на Кремљ во обидите за мешање во американските и изборите во други земји, изјави претставник на Стејт департментот.

Според него, сепак, интересот на Вашингтон е подобрување на односите со Русија.

– Претседателот е јасен во однос на тоа, изјавија од Стејт департментот.

Од Стејт департментот посочија дека се уште е неизвесно одржувањето на самит на претседателите на Русија и САД и дека засега нема информации дали Путин и Доналд Трамп ќе остварат средба на собирот на Г-20 во Осака, Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот