ЗА ШПИОНОТ НА ЦИА НЕМА МЕСТО ВО ФРАНЦИЈА! Макрон нема да му одобри азил на Сноуден!

Фото: ЕPA- EFE

Шефот на француската дипломатија Жан Ив ле Дријан денеска рече дека нема причина Франција да ја промени одлуката од 2013 година кога одби да му одобри азил на поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден.

Сноуден пред два дена, кога неговите мемоари се објавени во 20 земји во светот вклучувајќи ја и Франција, рече дека во 2013 година побарал азил во Франција кога на власт бил Франсоа Оланд, но се надева дека сега претседателот Емануел Макрон ќе му го одобри.

Тој го рече тоа откако една министерка во актуелната француска влада му кажала дека би му го одобрила азилот, но дека не е до нејзе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот