За Шпанците, „Игра на тронови“ поинтересна од Лигата на шампионите

Шпанската компанија „Толуна“, направи анкета во која доби изненадувачки резултати, мнозинството од шпански државјани предност ѝ даваат на последната епизода од серијата „Игра на тронови“ отколку на годинешното финале во Лигата на шампионите. Последната епизода од серијата „Игра на тронови“ ќе се емитува в недела, на 19 мај, додека финалната пресметка помеѓу Ливерпул и Тотенхем е закажана за 1 јуни и тоа на стадионот „Ванда метрополитано“ во Мадрид.

Компанијата која е специјализирана за онлајн-истражувања, „Толуна“, на 10 мај направи анкета на која мнозинството од 2.000 испитаници, кажаа дека доколку можат да бираат, предност би ѝ дале на „Игра на тронови“.

Ваков одговор дале дури 62% од испитаниците, освен што ја прогласиле серијата за најдобра досега, би се откажале од следење на натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем доколку би се прикажувале во исто време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот