За шест месеци протести во Хонг Конг се уапсени 6.022 лица

Полицијата во Хонг Конг соопшти денеска дека уапсила 6.022 лица и употребила солзавец речиси 16.000 пати за време на шестмесечните антивладини протести што го потресоа градот.

Меѓу уапсените се 11 лица приведени во текот на викендот во рации кога беше запленет пиштол и друго оружје.

Полицијата се сомнева дека било планирано тоа оружје да се користи за време на масовните демонстрации денеска. Полицијата денеска уапси 12 лица осомничени за подготовка на „молотови коктели”.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека исто така испукала 10.000 гумени куршуми во изминатите шест месеци и дека се повредени 493 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот