За шест години проживеа како за шест животи: Неверојатниот подем и пад на Жан Мишел Баскија (ФОТО/ВИДЕО)

Жан Мишел Баскија имал само 27 години кога починал, на 12 август во 1988 година, а запаметен е од оние што го познавале како „нејверојатно прекрасен млад маж, чии неповторливи, тематски уметнички творештва му донесоа заслужена интернационална слава; кој за краток период од само шест години се издигна преку автентичните графити од подземјето, прераснувајќи во врвен сликар“.

Жан Мишел Баскија во 1985 / Принтскрин

Не би требало да изненадува што луѓето кои зборуваат за него како личност, кога бил жив, поранешните девојки и колекционерите на неговата уметност, музичарите и уметниците, велат дека тој бил навистина „посебно-посебен“. И оние што го знаат пред сето тоа, кога бил тинејџер, сведочат дека бил доживуван од пријателите и околината како недостижен, хиперактивен, природно извонреден.

‘Tabac’ (1984) / EPA-EFE/ESTEBAN COBO

„Знаев веднаш штом го сретнав дека е нешто „над нормалното“, вели музичарот и режисер Мајкл Холман, со кој Баскија бил во бенд пред да се посвети целосно на уметничката кариера. „Жан Мишел имаше свои мани, беше многу „немирен“, имаше некои карактеристики за него кои би можело да бидат наречени како неморални, но настрана сето тоа, тој имаше нешто за кое со сигурност можам да кажам дека го имал во себе од моментот кога бил роден. Како да бил роден целосно рализиран, целосно реализирано битие!“ заклучува неговиот стар пријател.

Jonnypump’ (1982) /Фото: EPA/ROLF HAID

„Тој беше прекрасна личност и неверојатен уметник“, вели Алескис Адлер, неговата порнанешна девојка. „Го препознав тоа штом го запознав. Навистина беше брилијантен. Своевремено, единствената личност за која сметав дека ќе стане голем како Мадона. Тотално. 100%. Знаев дека ќе биде голем еден ден.“

Untitled (1982)

Велат дека Баскија -човекот- и Баскија -сликарот- се тешки за расплетување, дека живеел „тешко“ и и умрел уште потешко (од нетенденциозно предозирање со хероин), карактерно опишувајќи го повеќе рок ѕвезда отколку уметничка естета. Некои уметнички критичари го препознаваат неговото творештво како тешко за да се сфати сериозно, а други пак, веднаш се поврзуваат со неговите дела, чувствуваат моментална блискост.

‘OP OP’ (1984) Фото. EPA/OLIVER KRATO

Откако починал Баскија, низ годините има „мешана“ репутација. Во 90тите бил етикетиран како „лесен“. Додека бил жив, музеи го одбивале со заклучоци дека бил „само ѕиден, уличен уметник“. Но изминтиве години, Баскија го добива своето место во уметноста, па дури и оние кои генерално не биле импресионирани од неговите творештва, не можат да го оспорат неговото културно влијание.

Triumphant Warrior In A Boxing Ring (1992)

Пред неколку години од Christie (престижна галерија во Њујорк) го опишаа како „најбараниот уметник од актери, спортисти, музичари и претприемачи“. Како еден од ретките црни американски сликари кои ја пробиле интернационалната мрежа, често е споменуван во хип-хоп музиката: Џеј Зи, Свис Битс, Нас и многу други го споменуваат или цитираат Баскија во своите музички творештва. Џеј Зи во Most Kingz ја користи фразата most kings get theirs head cut off (повеќето кралеви се обезглавени), која е од сликата Charles the First (Чарлс Први). Џеј Зи и Свис Битс се сопствениви на негови творештва, како и Џони Деп, Џон МекЕнрое и Леонардо ди Каприо. Деби Хери била првата личност која купила творештво од Баскија. Мадона е сопственик на негови творештва и своевремено тие беа пар, на средина од 80тите.

Charles the First

Еленор Неирн, кураторка на постхумната изложба за Баскија во 2017 година, објасни зошто дотогаш немало целосна ретроспектива од неговата уметност. Иако Баскија бил неизмерно плоден за време на неговиот краток животен век, институциите биле премногу спори за да го препознаат неговиот талент. „Периодот од неговата прва изложба до трагичната смрт траеше само шест години“, вели таа. Нема ниту едно негово дело во јавната колекција на Велика Британија.

Lobo (1986) / Фото: ЕPA/MANUEL LOPEZ

Нема многу ни во САД: Во Њујоршкиот музеј на Американска Уметност Витни ( the Whitney Museum of American Art) има неколку, а додека бил жив и неговите творештва биле понудени на престижниот Њујоршки музеј на Современата Уметност (MoMA), оттаму го одбиле.

Arroz con Pollo (1981) / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ниту сега не се сопственици на негови творештва (освен оние кои се позајмени). Главниот куратор Ен Темкин, после неколку години призна дека делата на Баскија биле премногу „напредни“ за нејзе, во моментот кога и биле понудени. „Не ги препознав како одлични, можеби бидејќи изгледаа како нешто што дотогаш го немав сретнатно“.

Бунтот и уметноста како штит

Баскија се родил во семејство од средната класа во Бруклин. Татко му бил од Хаити – и важел за доста строг родител – а неговата мајка, чии родители биле од Поро Рико, била родена во Бруклин. Неговите родители се разделиле кога имал седум години, по што тој и сестрите живееле со нивниот татко, вклучувајќи преселба во Порто Рико, но на краток период. Неговата мајка, со која бил близок, била сместена во установа за ментални болести кога имал 11 години. Баскија бил бунтовен, гневен – бил преместуван од училиште во училиште. Неговото образование завршило во Њујорк, кога, за облог, испразнил кутија со крем за бричење над главата на директорот за време на училишна церемонија. На 15-годишна возраст, се отселувал и вселувал дома. Спиел на отворено во паркот Вашингтон Сквер, десетина дена.

Жан Мишеј Баскија / AKG / Profimedia

„При крајот на 70-тите,  Њујорк Сити воопшто не наликуваше на тоа што е сега: не „светкаше“, напротив, беше суров град, со многу згради кои се изгорени и напуштени. „Градот се ронеше“, вели Алексис Адлер но додава дека атмосферата наоколу била многу слободна. „Можевме да правиме што сакаме, бидејќи никој наоколу не беше нешто особено загрижен. Кириите беа евтини, центарот на Њујорк беше груб – како возбудлива Мека за отфрлените уметници. Панк сцената, центрирана кај CBGB (место познато како лулката на панк сцената), даваше нешто многу експериментално, инволвирајќи уметност, филм и она што подоцна стана хип-хоп. Сите излегуваа секоја вечер, сите беа креативни и сите имаа цел да станат „големи“.

„Ние бевме младите деца од Њујорк кои ја носеа својата Енди Ворхол фантасија“, вели Мајкл Холман и додава „Бевме во бенд, сами правевме уметност, глумевме во филмови, правевме филмови, сите бевме свој one-man show, со многу колаборации. Тоа беше нормативот, да се биде полимат. Без разлика дали си сликар, актер, поет… едноставно, мораше да бидеш и во бенд“.

Прочитајте и...  Секси хороскоп: Овенот не знае за предиграта, Бикот е секогаш подготвен за секс
Енди Ворхол и Жан Мишел Баскија

И Баскија, се разбира, членувал во бенд, со Мајкл Холман и други, вклучувајќи го Винсент Гало. Се нарекувале Gray. Го формирале бендот во 1979, но пред тоа, Баскија бил „присутен“ и забележан наоколу со неговите графити. Работејќи со неговиот средношколски другар Ал Диаз, започнувајќи во 1978, започнале да цртаат на згради во центарот на Њујорк користејќи го тагот SAMO (оригинално цртан лик кој Баскија го создал за училишен магазин, а е изваден од фразата „same old shit“). 

Њујорк / Принтскрин

Бил создаден како сатира на корпорациите, директен, а не само декоративен. Наместо слики, SAMO прашуваше чудни прашање, односно енигматични, поетични декларации: „Плати за супа, изгради тврдина, запали ја“. Тагот SAMO бил насекаде. Пред кој било да го запознае Баскија, го знаел SAMO. 

Баскија го напуштил домот кога имал 16 и спиел на каучи и подови во домовите на пријателите, вклучувајќи го домот на британскиот уметник Стен Пескет, поткровјето на Канал стрит. Тогаш се спријателил со графити уметници како Фред Бретвајт (познат како Fab 5 Freddy) и Ли Куонзи од графити-групата Fabulous 5, тогаш творел колажи и разгледници. Еднаш го забележал Енди Ворхол во ресторан, му „улетал“ и му продал неколку од неговите разгледници.

Фред Бретвајт (Fab 5 Freddy) Freddy позира пред творештвото на Баскија -Anthony Clarke (1985) Фото: EPA-EFE / GEORGIOS KEFALAS

SAMO, белегот на Баскија

Бретвајт и Холман направиле журка во поткровјето на 29 април 1979, поканувајќи ја центарската и хип-хоп културата, фановите на уметноста. Пред да започне забавата – Холман се сеќава – се појавило „она дете“ и рекло дека сака да биде дел од шоуто. Холман не го познавал, но како што вели, енергијата го натерала да не му застане на патот и му рекол „Да, да, оди!“. Наместиле големо платно и Баскија започнал да шкрта со црвен спреј, пишувајќи „Кој од наведените е присутен? a) Ли Харви Освалд, b) Кока Кола c) Генерал Мелонри или d) SAMO. „И сите веднаш почнавме да коментираме, вау, ова е SAMO!“, се сеќава Холман. Подоцна на забавата, Баскија го прашал Холман, кој се бил член на арт-бендот The Tubes, бидејќи и тој сакал да биде дел од бенд. Во тој момент настанал и нивниот бенд Gray.

Gray / Принтскрин

Членовите на Gray – Баскија, Холман, Вејн Клифорд и Ник Тејлор – користеле референци од уметнички дела и скулптури, како спротивно на музика. Нивниот „највисок“ израз на воввишување бил „игнорантен“, на ист начин како лошо (кога се мисли на добро). Холман се сеќава кога свиреле „тезга“ во Mudd Club во Њујорк. „Дејвид Бурн (од Talking heads) беше таму. Деби Хери. Навистина многу познати лица. Сите дојдоа..само поради Баскија. SAMO е во бенд!“. 

Gray се распаднал кога Баскија ја започнал кариерата со сликање. Тој секогаш цртал и сликал, иницијално во стилот на Питер Макс (Yellow Submarine), но набрзо ја пронашол сопстевата естета, во која беше вклучено пишување и имаше елементи од Едвин Паркер „Cy“ Tвомбли и Роберт Раушенберг. Бидејќи немал пари за платна, цртал на работи што ги наоѓал на улица – врати, куфери, гуми – како и на објекти во станот: фрижидерот, телевизорот, ѕидот, подот. Во истиот период кога настанал бендот Gray, Баскија започнал нешто налик љубовна врска со Адлер, тогаш надежен ембриолог (истапил да ја заштити кога несакајќи предизвикала улична кавга). Адлер пронашла стан – 527 запад на 12тата улица – каде таа живее и денес, по што се вселиле заедно. Таму, Баскија сликал на буквално се’, вклучувајќи ги алиштата на Адлер (кога во 2013 Адлер откри дека се уште чува творештва од периодот кога биле заедно, таа буквално продаде ѕид од нејзиниот стан преку аукција на престижната галерија Christies, каде имало творештво од Баскија).

Pintrest

Иако делеле кревет и дом, тоа не било „класична дечко-девојка ситуација“, вели Адлер. „Тоа беше пред да се појави сидата, лудо време, секој можеше да биде со секој“. Имале одвоени соби и спиеле со други луѓе. Адлер купила камера за да ги фотографира уметностите на Баскија и неговиот живот, генерално: бил многу заинтересиран за кинематографијата (неговата фраза „boom for real“ (бум, навистина) била препознатлива за моментите кога бил импресиониран, доаѓа од ТВ програма).

Баскија твори на телевизор / Принтскрин

Секоја вечер заедно излегувале во штотоку отворениот клуб наречен Mudd, во дистриктот Трибека. Пријатели им доаѓале во станот до утринските часови (што било тешко за Адлер, со оглед на нејзината работа во лабораторија преку ден).

Ѕвезда „преку ноќ“

Баскија и Адлер „издржале“ заедно до пролетта, 1980. Своевремо, неговите творештва биле вклучени во неколку групни изложби и тој ја одглумил главната улога во филмот New York Beat Movie (кој беше издаден многу подоцна, во 2000 година насловен како Downtown 81). Во тој филм Баскија е ѕвездата, но интересно е да се игра „погоди ја познатата личност“ – се појавуваат и Деби Хери, Fab 5, Ли Квинонес, бендот DNA… дури и Kid Creole and the Coconuts. 

Koга не се забавувал, Баскија напорно работел – Брук Бартлет, уметник на кого Баскија му бил Ментор во раните 80-ти, се сеќава на него како интензивен сликар, по што неговата промена – од сиромашен до богат – се случува од 1981 до 1982. Тогаш живеел со Сузан Малок, која се преселила од Канада за да стане уметник, а се запознале додека била на работа, како келнерка во Night Bird. Баскија влегувал, фаќал маса на крајот од просторијата и ја „зјапал“. Иницијално, мислела дека е бездомник – ја избричил предната страна од главата, имал бланширани делови на останатиот дел од косата и носел палто петпати поголемо од соодветниот број за него.

Баскија кога ја избричил главата / Принтскрин

„Доаѓаше и го купуваше најскапиот пијалок во барот – Реми Мартин – 7 долари! (еквивалнетно на скап пијалок денес). Сузан била интригирана од неговата необична појава. Биле на иста возраст и имале многу заеднички работи. Набргу Баскија се преселил во нејзиниот минијатурен стан.

Прочитајте и...  Хороскоп за 27 септември, недела - Не ја бркајте среќата, дозволете таа да ве пронајде

За само осум месеци, пари имало насекаде. Сузан: „Го гледав како ја продава неговата прва слика на Деби Хери за 200 долари, а по само неколку месеци една негова слика чинеше 20 илјади долари, продавајќи ги побрзо отколку што можеше да ги наслика. Го гледав како го прави неговиот прв милион. Прејдовме од крадење леб од продавница до купување леб и паста во Dean & DeLuca. Фрижидерот беше полн со специјалитети и кавијар, пиевме Cristal шампањ. 

Сузан и Жан Мишел / Принтскрин

Имавме 21 година. Баскија оставаше купчиња пари на подот, купуваше Армани одела, организираше забави со „планини од кокаин“. Неговото пробивање се совпадна со новата атмофера во Њујорк: финансиерите сакаа да инвестираат во уметност, одеа по уметнички изложби и настани, бараа нови творештва.

La Hara (1981) / Фото: EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Првото јавно шоу каде изложувал Баскија се случило во 1981. Било групно шоу каде изложувале и Вилијам Буроугс, Дејвид Бурн, Кит Херинг, Нан Голдин, Роберт Мејплторп и Енди Ворхол. Но, само Баскија доби цел ѕид, а го „наполнил“ со 20 уметнички слики. Неговите творештва генерирале сензација.

Баскија во New York Times

Баскија добил уметнички дилер: Анина Носеј. Таа му го отстапила подрумот под нејзината галерија за да работи (Фред Бретвајт не се согласувал: „Црно дете, црта во подрум – ова не е добро, се сеќава). Со галеријата се врзале и познатите колекционери Херб и Ленор Шор, каде се запознале со Баскија. Херб и Ленор поминале некое време во галеријата, одбирајќи дела за нивната колекција, без да знаат дека токму Баскија ги твори, во подрумот под објектот. Откако решиле да купат негови творешетва, Баскија дошол од подрумот и веднаш им се допаднал. Не ја ни објаснувал неговата работа – секогаш велел „Ако не можеш да го „сфатиш“ делото, твој проблем“, се присеќа Ленор.

Херб и Ленор Шор, според Баскија

Работите оделе во нагорна линија. На почетокот од 1982 година, Анина Носеј посредила Баскија и Сузан да се преселат од малото станче во фенси апартман во Сохо, кога и била домаќин на неговото прво соло шоу, во нејзината галерија: огромен успех!. Преку друг уметнички дилер, Бруно Бушофбергер (неговиот најконзистентен претставник), Баскија се запознал со Енди Ворхол. Веднаш потоа, Баскија создал творештво од нив двајца, по што било доставено до Енди, се уште мокро на платното, два часа откако се журкале. Тогаш го формирале почетокот на пријателстово. Баскија тогаш бил запрашан да направи уметничко шоу во Лос Анџелес, во галеријата Gagosian.

Сликата која му го пратил на Енди Ворхол, 2 часа по дружбата, се уште мокра

Филмаџиката Тамра Дејвис, која го во 2009 го направи документарецот за Баскија насловен „Radiant Child“, го запознала во Лос Анџелес. Своевремено била асистент на друга галерија и пријател ги запознал. „Жан-Мишел Баскија дојде и немае ниту кола ниту знаеше каде треба да оди, па му го покажавме градот. „Тоа беше нашата задача. Најинтересното нешто некогаш! Јас се запишував на академија за филм, а тој многу сакаше филмови, па одевме заедно на кино, зборувавме за кинематографија“. Тој беше „ново жешко“ во градот, сите сакаа да го запознаат. Навистина беше шармантен, но исто така, чувството кога се дружиш со него беше како да си со „ѓавол“. Каде и да се појавеше, настануваше некаков хаос. Навистина човек не можеше да биде сигурен што ќе се случи следно. Беше интересно, но и изморувачки.“

Mona Lisa (1983)

Сепак, Баскија никогаш не бил „уморен“. Имал бесконечна енергија, поттикната и од дрога. Не понел негови уметнички дела во Лос Анџелес. Ретко и носел, за неговите уметнички настани: правел 20 уметнички слики во краток период како две недели, се присеќа Тамра Дејвис. Во 1986, го снимала како работи: имал отворени книги, телевизорот пуштен, музиката гласна, работејќи на неколку платна истовремено. За неговото прво шоу во Лос Анџелес, ги создал познатите Untitled (Yellow Tar and Feathers и Untitled (LA Painting), сликата која во 2016 го чинеше јапонскиот милијардер Јусака Маезава 110.5 милиони долари. (Во 1984 се продаваа за 19.000 долари. Ги продаде сите до една, вели Тамра).

Откако се вратил во Њујорк, Баскија ја завршил соработката со Анина Носеј и се запознал со Мери Боон, по што станува негов нов уметнички дилер. Неговата репутација „пукала“. Отварањето на неговото соло-шоу во Patti Astor’s Fun Gallery била полна со ѕвезди, вклучувајќи ги и колекционирите Шор, кои сметаат дека тоа уметничко шоу било особено добро – Баскија ги продал сите негови дела во една вечер.

Расизам

Критиките, од друга страна, биле сосема спротивни. Врската на Баскија со арт естаблишментот не била така сјајна. Уметничкиот дилер кого Баскија лично го посакувал, Лео Кастели, го одбил бидејќи сметал дека е премногу проблематичен. Постоела предрасуда кон Баскија бидејќи започнал како уличен уметник, цртајќи графити, како и фактот што бил црн. Неговата работа била прикажувана како инстинктивна, како опозиција на интелектуалното, иако бил многу писмен во поглед на историјата на уметноста; некои ја патронизирале идеата дека тој всушност не знае што прави.

Hollywood Africans (1983)

Расизмот исто така имал секојдневно влијаније: напуштал неверојатно познати забави, а не можел да фати такси. Херб Шор го возел од точка А до точка Б за да му го олесни животот (се шегувале дека треба да носи капче како вистински возач на Баскија). Џорџ Кондо, пријател и уметник, се сеќава како не го пуштале во ресторан во Лос Анџелес. „Реков: Знаете ли кој е ова?! Ова е Жан-Мишел Баскија, најбитниот уметник на нашето време. Обезбедувањето не’ пресече, ни одговори: Тој не влегува. Не ги пуштаме тие од неговиот вид тука“, вели Кондо.

Horn Players (1983)

Брук Бартлет се сеќава на патување во Европа во 1982, кога богата девојка од Цирих, ја критикувала дека има 18 години и е бела, а е во негово друшво. Не е ни воошто чудно што расата танал се позачестена во неговите творештва: за време на неговото второ шоу во галеријата Gagosian во Лос Анџелес, ги прикажал уметничките творештва како Untitled (Sugar Ray Robinson), Hollywood Africans, Horn Players и Eyes and Eggs, вклучувајќи црни музичари, актери и спортисти.

Дрогата исто така, била се повеќе и повеќе присутна во неговиот живот. „Сите знаат дека апсолутни сите во East Village и во уметничката сфера сакаа дрога. На Волстрит имаше дрога, секаде имаше дрога“ вели Сузан Малук. Но откако Сузан и Баскија се разделиле во 1983 година, Баскија се навелкол на хероин. „Го шрмкаше, пушеше и го инјектираше“ вели Малук и додава „Имаше некои модели со кои се дружеше и со нив започна да го прави тоа. Стана несигурен, патуваше за Јапонија наместо во Италија, каде имаше шоу. Но тогаш, неговиот фокус беше многу променлив. Сите го сакаа. Се селеше од еден во друг свет: неговите стари пријатели го гледаа, но се поретко“ се сеќава Сузан.

Од 1984 до 1985, Баскија станувал се поголем и поголем. Имало многу патувања, многу внимание. Се нашол на насловната страна на New York Times Magazin во одело, но без чевли, бос. Ворхол естејт му овозможиле уште поголем апартман, поткровје на Great Jones Street, доволно големо за да биде и студио и дом. Во 1985 година, Баскија и Ворхол имаа заедничко шоу каде ги прикажаа заедничките творештва. Иако постерот за овој настан е репордуциран и популарен и ден-денес, шоуто воопшто не било успешно.

Еден критичар го нарекол Баскија „маскота на Енди Ворхол“. Тамра Дејвис вели дека Баскија тешко го прифатил тоа и додава „Тој навистина сакаше да биде ценет, но наместо тоа го распнаа шоуто и рекоа одвратни работи за него и Енди, генерално за нивното пријателство. Многу се растажи и оттогаш тешко му беше да види враќање за него на уметничката сцена. Секој што зборуваше со него тој период, сведочи како беше параноичен, а неговиот страв се продлабочуваше се повеќе и повеќе“.

Полароид на Енди Ворхол со Жан Мишел Баскија

Крајот

Постепено, употребата на хероин го доуништувала. Иако бил премногу инспириран од патувањето во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска, иако имало негови уметнички настани насекаде низ светот – Токио, Њујорк, Парис – информацијата дека се мачи стигнала и до неговите пријатели, опркужувањето. Сузан Малук го посетувала во огромното поткровје: „Го молев на колена да му помогнам, но тој едноставно одбиваше. Ми фрли телевизор во фаца. Луѓе ме застануваа на улица и ми велеја: Сузан, го видов Баскија, многу му е лошо, има секакви точки на лицето, изгледа како да е надвор од реалноста, мора да му помогнеш… Сите знаеја дека не му е добро. Ја одби мојата помош“.

Во февруари 1987, Енди Ворхол почина на 58-годишна возраст.  Смртаа на пријателот, го преобразила Баскија во вистински самотник, но сепак планирал нови уметнички настани, како и ново патување накај Брегот на Слоновата Коска, во селото Сенуфо. Започнал да зборува за „нешто друго што не е уметност“: пишување можеби, или создавање музика, или пак да започне некој нов текила бизнис на Хаваите.

Во 1988 година, отишол на Хавајските острови за да се „исчисти“: Тамра го видела на уметничко шоу во Лос Анџелес откако се вратил. „Беше трезен, му беше подобро, добро му влијаеше Лос Анџелес“ вели таа, но истакнува „Неговата посета беше чудна. Донесе непознати луѓе на вечера, луѓе што ги запознал на аеродромот, и беше неприродно расположен, чудно среќен? Малку ме исплаши“.

1986 – Жан Мишел Баскија во неговото поткровје на Great Jones Street во Њујорк – Зад него се гледа Untitled (1985) EPA/MUSEE D’ART MODERNE DE LA VILLE DE PARIS/HO HANDOUT — EDITORIAL USE ONLY

Подоцна истата година, Ентони Хаден напишал гостинско четиво за Vanituy Fair во кое ја објаснува последната ноќ на Жан Мишел Баскија: 12 август 1988. Во Њујорк, откако цел ден бил „завлечкан“ наоколу, па завршил на афтер-парти по шоуто на Брајан Фери, кај неговата девојка Кели Инман и уште една личност. Оттаму си заминал брзо, со неговиот пријател Кевин Бреј, а се упатиле накај  неговото поткровје. Поради тоа што цел ден бил под влијаније на дрога, Баскија чудно климал со главата, па Бреј му напишал на лист „НЕ САКАМ ДА СЕДАМ ТУКА И ДА ТЕ ГЛЕДАМ КАКО УМИРАШ“. Му го прочитал ова на глас и си отишол. Наредниот ден, девојката на Брајан Фери, Кели Инман отишла во поткровјето на Баскија и го пронашла мртов. 

Прочитајте и...  Том Хенкс сам го финансирал снимањето на неколку сцени од „Форест Гамп“ (ВИДЕО)

Тажен крај на неверојатниот живот на Баскија. И неговата константна борба со уметничките дилери околу неговите творештва била жестока. Колекционерите постхумно го тужеле за слики кои предвремено ги платиле, а не ги добиле. Дилерите тврделе дека тие се соптсвеници на тие дела, додека адвокатите тврделе дека ги крадат. Своевремено постоеле околу 600 дела на Баскија на пазарот, но адвокатите за неговиот имот признавале само неколку. Затропал и данокот на врата: Баскија не платил никаков данок околу три години. 

Сепак, годините ги омекнаа или решија аргументите, по што неговите твроештва и ја докажаа својата култност. Иако најголемиот дел од неговата уметност е во рацете на уметничките колекционери, таа е далеку од непозната за јавноста.

Жан Мишел Баскија / Фото: EPA/MUSEE D’ART MODERNE DE LA VILLE DE PARIS/

И ја сакаме неговата работа. Не само што институциите сега го препознаваат неговиот генијал, она што го остави Баскија зад себе го гледаме на различни места, локации, облека, на рацете на хип-хоп артистите; делчиња, фотографии, клипови без контекст, се’ за само на момент да се продлабочиме во вртлогот на Баскија. „Тој прашуваше за работи и имаше референци со кои сакаше да ти го насочи вниманието“ завршува Тамра Дејвис. „Неговите творештва беа создадени за да бидат видени од што е можно повеќе луѓе. Тие се како музика или филм, не се само за една личност.“

Неговата уметност е неповратно испреплетена со неговиот живот: неговата харизма, раса, талент и тажна смрт. Но животот е поголем од тоа. Како што е најдобрата уметност – и треба на светот – и на светот му треба. И ако застанеш пред Баскија и гледаш, создава посбена песна, само за тебе.

Untitled’ (1981) / Фото: EPA/MUSEE D’ART MODERNE DE LA VILLE DE PARIS/HO HANDOUT — EDITORIAL USE ONLY

 

Прочитај повеќе

На фустанот и се оцртаа сите коски од телото – Кендал Џенер со загрижувачки изглед, сите се прашуваат дали е болна (ФОТО)

Слободен печат

Здрави и корисни – Грицкајте семки доколку не можете да спиете

Слободен печат

Секси хороскоп: Овенот не знае за предиграта, Бикот е секогаш подготвен за секс

Слободен печат

Јапонската актерка од хорор филмот „Ring“ пронајдена мртва во домот

Слободен печат

Верувал дека душите на мртви Индијанци влегле во него, бил голем заводник, требал да стане филмаџија, но судбина му била музичката сцена!

Слободен печат

Деми Мур се уште влече трауми од „валканите нешта“ на кои ја принудувал поранешниот сопруг Ештон Кучер

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Неуништливата Меги, била прва фотографка на воените фронтови, прва фотографка на „Лајф“ и прв фотограф во светот примен во Советскиот Сојуз

Слободен печат

Здрави и убави – Четири состојки што го отстрануваат целулитот

Слободен печат

Холивудскиот заводник сака само една жена 19 години: Кога таа ќе ме погледне ми се затресуваат колената

Слободен печат

Ким Кардашијан е најлошата сестра на светот, објавила ретро фотографија на која само таа изгледа добро (ФОТО)

Слободен печат

Сè што треба да знаете за популарната и суперефикасна Кето диета пред да почнете да ја држите!

Слободен печат

Најлудото интервју во 2020: Српскиот актер Андрија водеше „сериозна дебата“ со свињи (ВИДЕО)

Слободен печат