За шест часа 145 казни за брзо возење во Тетово

Полиција/ фото: МИА

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 104 санкции се изречени на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар. Седумдесет и еден возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Изречени се 145 санкции за брзо возење на територијата на СВР Тетово во тек на акциска контрола  што ја спровела полицијата денеска од 14 до 20 часот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 104 санкции се изречени на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар. Седумдесет и еден возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот