За Шерон Стоун знае цел свет, а вака изгледа нејзината помлада сестра Кели (ФОТО)

Актерката на Инстаграм објави заедничка фотографија со својата сестра Кели и така и го честиташе роденденот…

Актерката Шерон Стоун важи за една од најпознатите светски актерки. Откако се појави на филмското платно во далечната 1980 година, оваа убавица полека но сигурно се избори за светската слава.

Ја гледавме во бројни познати остварувања, а едно од најпознатите е секако улогата во филмот „Основен инстинкт“ во кој ја глумеше фаталната Кетрин Тремел.

принтскрин/јутјуб

Што се однесува на нејзиниот приватен живот, Шерон Стоун два пати се мажеше, а исто толку пати и се разведуваше.

Таа има помлад брат Мајкл, како и сестра Кели, која е три години помлада од неа.

Шерон на Инстаграм се пофали со заедничка фотографија со помладата сестра. На овој начин актерката и го честиташе роденденот.

– Среќна роденденска недела Кели – напиша Шерон Стоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот