ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕМА ДИЛЕМИ: Шинѕо Абе е најглупавиот човек во историјата!

Севернокорејските власти денеска соопштија дека јапонскиот премиер Шинѕо Абе е „најглупавиот човек во историјата” на човештвото, предупредувајќи го дека наскоро „пред нос” може да има вистинска балистичка ракета.

Абе во четвртокот остро ја осуди пробата на балистички ракети што ја спроведе Северна Кореја, изјавувајќи дека со тоа се кршат резолуциите на ОН.

– Можеме да кажеме дека Абе е идиот и најглупав човек во историјата на човештвото затоа што не знае да разликува ракета од справа за лансирање ракети – изјавил неименуван функционер од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесува КЦНА.

– Абе наскоро би можел пред нос да види што е вистинска балистичка ракета … Абе е совршен имбецил – додал функционерот наведувајќи дека Северна Кореја не треба да се занимава со Абе, кој е „политичко џуџе”.

Ова е вторпат во еден месец Северна Кореја да го критикува јапонскиот премиер, кого веќе ја нарече „идиот”.

Северна Кореја во четвртокот истрела две ракети кои завршија во Јапонското Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот