За секое забивање или тројка ќе донира по 100 долари за Австралија (ВИДЕО)

фото: твитер

Дуелот помеѓу Жалгирис и Реал ќе се игра во Мадрид од 21.00 часот. Реал е моментно второпласиран (14-3), додека Жалгирис е дури на 16. место (5-12).

Играчот кој ги брани боите на Жалгирис, Џок Лендејл ќе донира по 100 долари за секое забивање или тројка на натпреварот в четврток против Реал Мадрид во Евролигата.

Тоа ќе биде како донација како помош за неговата родна Австралија која е погодена од катастрофалните пожари.

Лендејл е инаку роден во Мелбурн, сезонава има просек од 10,8 поени и 4,1 скок по натпревар за литванскиот кошаркарски клуб.

– Сакам да ја искористам прилика и да помогнам на заедниците во Австралија. Се надевам дека ќе предизвикам реакција и кај останатите колеги да помогнат – рече Лендејл за клупската телевизија на Жалгирис.

Дуелот помеѓу Жалгирис и Реал ќе се игра во Мадрид од 21.00 часот. Реал е моментно второпласиран (14-3), додека Жалгирис е дури на 16. место (5-12).

Денеска, донација во висина од 750 илјади долари за својата татковина собраа австралиските кошаркарки од НБА-лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот