За само еден месец над 200.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во САД

Ѕид на границата САД-Мексико. / Фото: Архива на Слободен печат

Повеќе од 200.000 мигранти беа приведени во јули при обид илегално да влезат во САД од Мексико, соопшти Американската погранична служба.

– Се соочуваме со невиден број мигранти на граничните премини на нашата јужна граница. Ситуацијата на границата е еден од најсложените предизвици со кои се соочуваме. Таа е сложена, се менува и се однесува на ранливите луѓе среде глобална пандемија, истакна американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Во јули е зголемен  и бројот на приведени деца без придружба за 24 проценти во споредба со претходниот месец односно приведени се 18.962 деца.

Бројот на мигранти кои сакаа да влезат во САД се намали на почетокот на пандемијата со Ковид-19, а потоа повторно почна да се зголемува во 2020 година за да „експлодира” откако Џо Бајден ја презеде функцијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот