ЗА САМО ЕДЕН ДЕН завршија субвенциите за електрични тротинети

Откако вчера Град Скопје ги објави јавните повици за субвенции за електрични тротинети и велосипеди, денеска по само еден ден тие ги информираат граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 12 часот се пристигнати околу 200 барања.

Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат.

Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, граѓаните на подрачјето на градот Скопје имаа можност да набават електро тротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот