За Руни Англија не е главниот фаворит на Европското првенство
Легендарниот напаѓач на англиската репрезентација, Вејн Руниги сподели своите очекувања околу претстојното Европско првенство во фудбал, пренесуваат британските медиуми.
Англичаните на ЕП се наоѓаат во групата „Д“ заедно со селекциите на Шкотска, Чешка и Хрватска.
Не се сомневаме дека поранешниот играч на Манчестер јунајтед ќе навива за својата земја, но овојпат е реален.
– Англија е секако е една од четирите репрезентации кои се во кругот да го освојат Европското првенство. Тука се уште Португалија и Белгија, а мој апсолутен фаворит е Франција.
Французите ги имаат Килијан Мбапе, Нголо Канте, Карим Бензема, Антоан Гризман, Пол Погба, Рафаел Варан и Уго Љорис, погледнете го само квалитетот на овие играчи, нивното искуство. Го освоија Светското првенство, и доколку бидат на висина на својата задача, ќе бидат годинава и европски шампиони – рече Руни.