За разлика од Ѓоковиќ, Индиец не може во Мелбурн иако има валидна причина за невакцинација

Двојни аршини кога е во прашање настапот на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN/instagram.com/dahiyaaman01

Во тенискиот свет главна тема е Новак Ѓоковиќ кој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинација за настап на „Австралија опен“.

По тоа прашање Индијците се лути бидејќи нивниот млад тенисер Аман Дахија не може да игра и покрај валидна причина за невакцинирање.

Дахија (17) требаше да игра во јуниорскиот дел на првиот Грен слем турнир во сезоната, но беше одбиен бидејќи не бил вакциниран.

– Аман Дахија не може да игра на Австралија опен бидејќи не е вакциниран – беше одговорот на еден од организаторите на „Австралија опен“ околу младиот тенисер.

– Ние објаснивме дека Аман не може да се вакцинира бидејќи во Индија луѓето помлади од 18 години сè уште не почнале да се вакцинираат – објасни тренерот на младиот тенисер, Јигнеш Равал, додавајќи:

– И по тоа појаснување дека од валидна причина Аман не може да се вакцинира, челниците на Австралија опен не се предомислија, а лекарската комисија рече дека тој не може да игра – вели Равал.

Да потсетиме, австралиските власти и организаторите на Австралија опен одлучија на турнирот да учествуваат само вакцинирани играчи и оние кои ќе добијат медицинско ослободување. Ѓоковиќ доби медицинско ослободување, иако не беше објаснето на која основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот