За Путин американските трупи во Германија се окупаторски сили

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEXEY MAISHEV

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија се уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса, пренесува Бета.

„Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие заминаа доброволно. Русија, како правен наследник на Советскиот Сојуз, е гарант на уставниот поредок на Австрија и нејзината неутралност. Многу обични луѓе во Австрија се свесни за тоа и се благодарни на Русија за оваа позиција. Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана, рече Путин на денешната средба со студенти.

Путин рече дека Германија е „најголемата земја во Европа и економски гигант” и додаде дека Советскиот Сојуз го „официјализирал крајот на окупацијата” на таа земја, за разлика од САД, пренесува ТАСС.

„По Втората светска војна, Германија беше поделена на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Советскиот Сојуз го формализираше крајот на тој окупациски статус, но САД не. „Стриктно кажано, формално и правно, на територијата на Германија има американски окупациски сили, и ги има многу“, рече Путин.

Тој додаде и дека „самите германски политичари велат дека Германија никогаш не била суверена земја во целосна смисла на зборот по Втората светска војна”.

Путин денеска изјави и дека европските земји „порано или подоцна ќе го вратат својот суверенитет”, но додаде дека тоа може да потрае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот