За првпат во историјата Италија без кошаркарски шампион

фото: virtus.it

Сега и официјално е одлучено дека „црно-белите“ од Болоња нема да бидат промовирани во шампиони на италијанската ЛЕГА А.

Кошаркарската федерација на Италија (ФИП) одлучи да не прогласи шампион, а воедно и да нема испаѓање во ЛЕГА А, како и во другите пониски рангови на натпреварување за сезоната 2019/2020.

Уште пред еден месец, поради ужасната состојба во Италија предизвикана од епидемијата со коронавирусот, првично беше одлучено првенството во Италија да не биде продолжено. А сега таа одлука е потврдена од највисоките раководни органи на ЛЕГА А.

Во одлуката која ја потврди ФИП стои тоа дека на екипите им се остава за простор за жалба на одлуката по пласманот во повисок ранг на натпреварување. Односно да поднесат барање ако сакаат промена на местото-лигата во која сакаат да се натпреваруваат, а тоа може да го реализираат најдоцна до 15.јуни.

Во моментот кога беше прекината елитната лига во Италија, составот на Виртус од Болоња беше прва на табелата со учинок од 18 победи и два порази по 20 одиграни кола. Следуваат Сасари, кој со натпревар повеќе имаше ефект (16-5), Бреша и Олимпија Милано (14-7).

Сега и официјално е одлучено дека „црно-белите“ од Болоња нема да бидат промовирани во шампиони на италијанската ЛЕГА А.

Следната сезона, согласно со предлогот на федерацијата, би започнала во октомври, до кога ќе биде дефиниран бројот на учесници во сите рангови на натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот