За првпат во историјата без доделување на „Златната топка“

фото:твитер

Престижната награда „Златна топка“ во организација на „Франс фудбал“, која ја добива најдобриот фудбалер на светот, нема да биде доделена оваа година. Главната причина е прекинувањето на сезоната неколку месеци поради пандемијата на коронавирус.

Церемонијата за доделување награди за најдобри во светот на фудбалот се одржува од 1956 година, а од тогаш секоја година се доделува признанието.

Минатата година за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси, капитенот на Барселона. Аргентинецот е рекордер со освоени шест „Златни топки“.

Го следат Кристијано Роналдо со пет, додека Јохан Кројф, Марко ван Бастен и Мишел Платини имаат по три.

Првиот добитник на престижната награда беше Стенли Метјус, кој победи во 1956 година пред Алфредо ди Стефано и Рајмон Копа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот