За првпат тројца Балканци: Јокиќ после МВП титулата, се наоѓа и во најдобрата НБА петорка!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ кој што беше прогласен за МВП за лигашкиот дел од сезоната, се наоѓа и во најдобрата петорка.

Српскиот интернационалец е во идеалниот тим заедно со Стеф Кари (Голден стејт), Лука Дончиќ (Далас маверикс), Јанис Адетокумпо (Милвоки бакс) и Кавај Ленард (Лос Анџелес клиперс).

Јокиќ не доби максимален број на гласови, иако е прогласен за најкорисен играч, односно имаше два гласа помалку од максимални 500.

На врвот е Гркот Адетокумпо, Кари имаше 496, Словенецот Дончиќ 402, а Ленард 323 гласа. Јокиќ на тој начин вторпат во последните три сезони обезбеди место во идеалната петорка на најдобрата светска кошаркарска лига. За првпат во историјата на ова натпреварување, во најдобрата НБА петорка се наоѓаат играчи од Европа, поточно од Балканот.

Во вториот тим на сезонава се Демијан Лилард (Портланд трејблејзерс), Крис Пол (Феникс санс), Леброн Џејмс (Лос Анџелес лејкерс), Џулијус Рендл (Њујорк никс) и Џоел Ембид (Филаделфија сиксерс).

Прогласен е и трет тим: Кајри Ирвинг (Бруклин нетс), Бредли Бил (Вашингтон визардс), Џими Батлер (Мајами хит), Пол Џорџ (Лос Анџелес клиперс) и Руди Гобер (Јута џез).

Гласовите беа преброени од 100 спортски новинари и водители, броејќи пет за најдобриот тим, три за вториот и еден за третиот.

ВИДЕО: „Метла“ за Денвер, Јокиќ исклучен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот