За првпат трчаше полумаратон и постави светски рекорд за повеќе од една минута

Летесенбет Гидеј (Етиопија) е светска рекордерка и на 5000 и 10000 метри/Валенсија, Шпанија/24 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Miguel Angel Polo

Летесенбет Гидеј од Етиопија постави светски рекорд во полумаратон за жени во неделата во Валенсија со време 1:02:52.

Гидеј (23), која е и светска рекордерка на 5000 метри (14:06.62) и 10.000 метри (29:01.03), го подобри за повеќе од една минута стариот рекорд (1:04:02) поставен оваа година од Кенијката Рут Чепнгетич.

– Среќна сум што го соборив светскиот рекорд во мојот прв полумаратон и на првата трка за НН Ранинг тим. Благодарам Валенсија – рече Гидеј, бронзена на 10.000 метри на Олимписките игри во Токио.

Во машка конкуренција Кениецот Абел Кипчумба најбрзо истрча 21 километар за 58:07 минути.

Второто и третото место го освоија неговите сонародници Ронекс Кипруто (58:09) и Даниел Матеико (58:26).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот