За првпат после 15 години полуфинале во ЛШ без Роналдо и Меси!

фото: твитер

Фудбалерите на Барселона целосно понижена од Баерн (8:2) го заврши настапот во Лигата на шампионите сезонава во четвртфиналната фаза. Тоа значи дека нема повеќе да го гледаме моментно најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, до крајот на оваа сезона.

Шпанските медиуми веќе предвидуваат дека се потребни големи промени во каталонскиот клуб, а тоа го чувствува и еден од најискусните во тимот, Жерар Пике. Претходно во осминафиналето доживеа уште едно големо име на фудбалската мапа, Кристијано Роналдо со својот Јувентус.

Експертите веќе најавуваат дека дојде крајот на една ера, доминацијата на дуото Меси и Роналдо е завршена, и дека доаѓаат нови главни лица на терените.

Пике: Доколку ни треба „свежа крв“, јас ќе бидам првиот што ќе си оди!

Овој следен податок го објави и ЛШ, односно за првпат после 15 години во полуфиналето од елитното натпреваривање нема да ги гледаме Меси и Роналдо, а последен пат тоа се случи во сезоната 2004/05 кога двајцата не играа со своите клубови во полуфиналната фаза.

После 2005 година, Аргентинецот и Португалецот ги гледавме секогаш барем во полуфиналето, но по 15 години дојде крај на тоа. Во тој период Роналдо петпати ја освои титулата во ЛШ, а Меси има еден трофеј помалку.

На завршниот турнир сезонава е веќе формирана првата полуфинална двојка, Лајпциг-ПСЖ, а вечерва Барса ќе го дознае својот ривал од мечот Манчестер сити-Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот