За првпат по три месеци: Бројот на новозаразени во Европа во пад

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Првпат по три месеци, бројот на заболени од коронавирус во Европа почна да опаѓа, откако се евидентирани за 10 проценти помалку заразени од минатата недела, кога беа регистрирани 1,84 милиони пациенти

По воведените рестриктивни мерки во многу европски земји, бројот на пациенти почна да опаѓа, а Европа, која во вторникот ја надмина бројката од 15 милиони заразени, имаше 46 проценти од активните случаи на ковид-19 во светот, објави „Дејли меил“.

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на починати продолжи да расте на Стариот континент, со повеќе од 29.000 смртни случаи, што е за 18 отсто повеќе во однос на една недела порано.

За седум дена, заклучно со крајот на минатата недела, починаа 60.000 луѓе во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот