За првпат по распадот на СССР: Британците го креваат нивото на нуклеарен арсенал, Русите со осуда

Фото: gov.uk

Официјална Москва денеска ја осуди одлуката на Велика Британија за зголемување на нивото на нуклеарниот арсенал, прва таква од Лондон по распадот на СССР.

– Жалиме што Велика Британија го избра патот за зголемување на нуклеарното оружје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков и оцени дека со тоа се загрозуваат стабилноста во светот и стратешката безбедност.

Лондон се реши за подигнување на нивото на нуклеарниот арсенал по Брегзит на што Русија гледа како главна закана по безбедноста на земјата.

Двете земји со години имаат лоши односи, особено по труењето на британска територија на критичари на власта во Русија.

– Никаква закана не доаѓа од Русија, додаде Песков.

Велика Британија планира да ги зголеми максималните залихи на нуклеарни боеви глави за 45 отсто, односно од 180 на 260 со што го запира процесот на постепено разоружување што почна по распадот на Советскиот Сојуз пред 30 години.

Промената во Лондон ја образложуваат со „растечкиоот спектар на технолошки и доктринирани закани“. Истата е во спротивност со глобалната цел за запирање на ширењето на нуклеарно оружје и донесена е неколку недели по договорот меѓу Русија и САД за продолжување на договорот за ограничување на нуклеарниот арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот