ЗА ПРВПАТ ОД 2010 ГОДИНА: Роналдо не е во првите двајца во гласањето за Златната топка

фото/твитер

Португалскиот фудбалер и член на Јувентус, Кристијано Роналдо се најде на третото место според бројот на гласови за Златната топка – 2019. Ова е втор случај за 14 години и прв од 2010 година, кога тој не се најде на една од првите две позиции.

Роналдо го освои трофејот во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Во 2007 загуби од Кака, во 2009, 2011, 2012, 2015 година прв беше Меси, додека во 2018 година Лука Модриќ беше пред Португалецот.

Во 2010 година, Роналдо го зазеде шестото место.

Сопственик на „Златната топка -2019″ синоќа стана Лионел Меси, втор беше Вирџил Ван Дајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот