За првпат изведена операција за лица со тешка форма на епилепсија

Операција во болница / Фото Архива на СП

Во Клиниката за неврохирургија денеска за прв пат беше изведен нов хируршки метод за лица со тешка форма на епилепсија, познат како „поставување на стимулатор на нервниот вагус“. Преку овој третман, кај пацинетите  значително се намалува  бројот на напади што ги доживуваат во текот на денот и ќе им се овозможи нормално да ги завршуваат своите дневни потреби. Досега нашите пациенти беа испраќани на лекување во странство, додека од денес тоа ќе можат да го сторат во земјава.

– Со оваа метода се намалува и фреквенцијата и силината на нападите и сега оваа група пациенти има сериозна шанса да се врати во нормалниот живот, нагласи министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава има околу 15 илјади пациенти кои имаат епилепсија, а 30 проценти не реагираат на терапија.

– Тоа значи дека имаат толку чести напади, што едноставно не може да извршуваат нормални животни функции. Еден од пациентите, има по десетина напади во ден, а сега со оваа стимулација на нервот вагус, што минува во вратот и тука се поставува електрода, импулсот оди назад и на тој начин се смирува мозочната активност, односно се редуцираат нападите. Оваа метода во изминатите две децении интензивно се работи и е ново поле во невро науката, појасни Филипче.

Тој изрази благодарност до д-р Вашчаревиќ од Институтот за неврохирургија во Белград, кој заедно со останатиот тим на Клиниката, директорот на Клиниката за неврохириргија во Скопје, Владимир Рендевски и сите колеги кои ќе работат на ова поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот