За посредство во договорот меѓу Израел и ОАЕ: Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година. „Дејли Меил” информира дека Трамп бил номиниран само неколку недели, откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп е номиниран од норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавање на конфликтите во светот. Тибринг-Гједе оцени дека Трамп направил повеќе во напорите за мир меѓу државите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир.

Тибринг-Гједе, кој воедно е претседател и на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО, рече дека администрацијата на Трамп имала клучна улога во воспоставувањето односи меѓу ОАЕ и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот