За последните шест недели во светот од ковид-19 умреле половина милион луѓе

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил над 208.000.

Половина милион луѓе умреле од последиците на коронавирусот во светот само во последните шест недели,  покажуваат последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од Ковид-19 требало да минат цели шест месеци, пренесе Си-Ен-Ен.

Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил над 208.000.

Во Индија и Мексико, според универзитетот во Вашингтон, од инфекцијата на коронавирусот фатален крај имале над 100.000 луѓе, во Велика Британија приближно 90.000, а од синоќа во Франција над 70.000.

Повеќе од 50.000 жртви на Ковид-19 се регистрирани уште и во Италија, Русија, Иран и Шпанија.

Стапките на смртност во многу земји во Европа и Северна Америка почнаа нагло да растат во ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот