За помалку од половина час ќе знаете дали имате корона – брзи тестови за ковид-19 наскоро ќе се појават на пазарот

epa08691128 A health worker administers a Rapid compulsory swab tests for COVID-19 which is required of passengers on Milan-Rome flight at Linate's airport, near Milan, Italy, 23 September 2020. EPA-EFE/Matteo Corner

Тестовите, кои изгледаат како тест за бременост, со две сини линии прикажани позитивно, ќе ги толкува здравствен работник.

Тестовите за ковид-19 кои даваат резултати на лице место за 15 до 30 минути наскоро ќе бидат презентирани ширум светот. Најновиот изум може да спаси илјадници животи и да ја забави пандемијата во сиромашните и богатите земји, пренесува „Гардијан“.

Светската здравствена организација (СЗО) ќе обезбеди околу 120 милиони брзи дијагностички тестови во следните шест месеци, а нивната цена ќе биде максимум околу четири евра (пет долари).

Тестовите, кои изгледаат како тест за бременост, со две сини линии прикажани позитивно, ќе ги толкува здравствен работник.

Брзи и лесни, но квалитетни тестови ќе овозможат масовно испитување на здравствени работници кои умираат во голем број во земјите со ниски примања.

Како што се наведува, тестовите ќе чинат пет долари, а богатите земји како Велика Британија ќе можат да сметаат на нив. Иницијативата беше покрената во март од СЗО, Европската комисија, Фондацијата Гејтс и француската влада. Германија веќе нарача 20 милиони тестови, а Франција и Швајцарија го следат примерот.

Брзи тестови за ковид-19/ EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Брзите тестови, одобрени од СЗО, се побрзи и полесни отколку порано, и може да се користат за скрининг во училишта, универзитети и работни места. Иако тестовите не ги опфаќаат сите случаи, тие можат да овозможат идентификување на многу заразени лица пред да имаат симптоми или уште пред за заминат во карантин.

СЗО одобри еден од тестовите на јужнокорејската компанија СД Биосензор, додека тестот на американската компанија Абот се очекува да добие потврда.

-Притисокот во снабдувањето е очигледен. Затоа ни треба гаранција за количината. Моравме да обезбедиме земји со низок и среден приход пред сите други земји да нарачаат и сиромашните да останат без ништо- рече Кетрин Боем, директор на непрофитабилната фондација за иновативна нова дијагностика (Find), која одигра клучна улога во иницијативата.

Компаниите тврдат дека нивните тестови се околу 97 проценти сигурни. Find ја става нивната чувствителност помеѓу 80% и 90% во реални услови. Во моментов, има релативно мало тестирање во земјиte со низок и среден приход. Додека Северна Америка тестира 395 луѓе на 100.000 жители на ден, Европа 243, Африка тестира помалку од 16, а повеќето од нив се во Мароко, Кенија и Сенегал.

Постојат брзи тестови за антитела кои можат да се купат преку Интернет, но овие први ги исполнуваат спецификациите на СЗО, а некои тестови не успеаја. Шпанија мораше да врати две серии на брзи тестови што ги купи од нелиценцирани компании во Кина во март, бидејќи се покажа дека се неисправни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот