ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ: Цветни покриви на автобуските – подарок за пчелите

Twitter

Градскиот совет на градот Утрехт во Холандија решил да донесе одлука за засадување цвеќе на покривите на 316 автобуски станици.

Намерата е, како што наведуваат, да им се помогне на пчелите и на бумбарите, но и да се искористи дождот, а овие билки помагаат и во собирање на прашината.

За покривите се грижат работници кои се возат во електрични возила, а на автобуските станици се наоѓаат ЛЕД светилки и клупи од рециклиран бамбус.

Ова е дел од борбата за почист воздух во Утрехт, а до крајот на годината ќе се воведат и 55 електрични автобуси во јавниот превоз. Струјата што ќе ги придвижува автобусите ќе доаѓа од холандските ветерници, а Утрехт на своите граѓани им понудил и на покривите од своите домови да посадат цвеќе, а за сè ќе плати градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот