За пишување на недолични коментари на Фејсбук: Охриѓанец доби кривична пријава

Лого на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З. (38) од Охрид, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Како што информира денеска МВР, тој на 25 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук”, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон група граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот