За пет години од државјанство на БиХ се откажале над 20.500 луѓе

Повеќе од 20.500 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од нејзиното државјанство во последните пет години, при што државата за испис од државјанството заработила повеќе од 10 конвертабилни марки, или 5 милиони евра.

Во 2014 година од државјанството се откажале вкупно 3.519 лица, а следната години уште 3.359 луѓе. Во 2016 година таа бројка се зголемила на повеќе од 4.400 лица годишно и се задржала во текот на следните две години.

Соопштено е и дека за исписот од државјанството се наплатени 9,8 конвертабилни марки. Станува збор за трошоци кои се плаќаат како административни такси при откажувањето од државјанството. Иако висината на оваа такса се менувала, во просек секој кој се откажал од државјанството на БиХ платил по околу 240 евра. Истовтремено, сите граѓани кои се откажуваат од државјанството на БиХ за да се стекнат со државјанство на некоја од државите од поранешната СФРЈ плаќаат двојно пониски административни такси, во износ од 200 марки, или околу 100 евра.

Од министерството за граѓански работи навеле дека од државјанството на БиХ се откажуваат граѓани кои живеат во странство, и имаат државјанство на друга држава или им е гарантирано стекнување државјанство на друга држава со одрекување на босанскохерцеговското.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот