Патарините во Србија поскапуваат. Од денеска почнува наплата на новиот дел од автопатот кај Грделичката клисура. Таму ќе се плаќа 540 динари. Патарината кај Ниш изнесува 800 динари и таа кај македонската граница во Прешево 80 динари.

Пресметано во денари тоа изнесува околу 1500 во двата правци ако патувате со возило од Скопје кон Белград.