За паркот во Карпош, не се додели прва награда, туку само втора и трета

????????????????????????????????????

Новиот градски парк што започна да се создава крај реката Вардар во Карпош 4, наскоро ќе започне да го добива својот препознатлив лик, информираат од Град Скопје.

На конкурсот што беше распишан минатиот месец до Град Скопје, пристигнале 19 идејни решенија, а мешовитата комисија на Град Скопје и Општина Карпош издвоила четири од нив како најкреативни, иако ниеден од трудовите не ја добил првата награда.

– Четирите наградени трудови (две втори и две трети награди) се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини, соопштија од Град Скопје.

Оценувачката комисија по деталното разгледување на сите 19 пристигнати трудови заклучи дека ниту еден труд во потполност не ги исполнил зададените критериуми и програмските барања и одлучи да не се додели прва награда односно да се доелат две еднаквовредни втори и две еднаквовредни трети награди.

На приложените трудови со шифри Скупи и Ширит им се доделува втора еднаквовредна награда, а на трудовите со шифрите Пинктинк и Ленти им се доделува трета еднаквовредна награда. Наградниот фонд од 10.000 евра ќе биде соодветно поделен помеѓу авторите на четирите решенија.

Согласно законските одредби, Град Скопје ќе пристапи кон изработка на основен проект за паркот во чиј процес планира да ги повика на учество и авторите на четирите наградени решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот