За овие хитови сигурно не знаете дека ги има напишано Дино Мерлин! Кога слушнал како пее Цеца и ја подарил оваа песна! (ВИДЕО)

Викимедија/Евровизија

Познато е дека некои од најголемите рокери и поп-пејачи имаат напишано многу песни за своите колеги – народњаци.

Меѓу таквите е босанскиот кантавтор Дино Мерлин кој ги има напишано едни од најголемите хитови за Весна Змијанац, Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ, но и Бата Здравковиќ.

Една од првите колешки со кои соработувал е Лепа Брена. Мерлин ги има напишано двата хита: „Јаблане“ и „ Игра, драги“, кои се најдоа на нејзиниот албум од 1989 година.

И Весна Змијанац може да се пофали дека соработувала со врвниот музичар. Покрај нивниот дует „Кад замиришу јорговани“ од 1988 година, за својата пријателка напишал и други песни. На еден од најпопуларните албуми на Весна, „Сватови“, се нашле и неговите песни „Сама“, „Сто живота“, „Ово у грудима“. По три децении од тој албум, Змијанац повторно го врксти гласот со Дино и заедно ја отепаа „Клупко“ во 2008 година.

профимедиа

Исто така и Цеца може да се пофали дека има песни кој ги напишал Мерлин. На албумот „Шта је то у твојим венама“ од 1993 година, Мерлин направил две песни. Тоа се вооедно и најпопуларните од тој албум – „Жарила сам жар“ и „Заборави“. Цеца за една од нејзините најубави песни во кариерата „Београд“, исто така може да му се заблагодари на Дино.

– За мене Дино Мерлин намеснки ја направи песната „Заборави“ и кога и да ја свиреше таа песна, ми велеше дека има уште една преубава која е за да се испее во дует. Но, бидејќи тогаш беше војна, тој не можеше да пее песна за Београд. Ми кажа дека само јас ја имам таа емоција и ми ја подари таа песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот