За освојување на трофеи нема подобар од Мурињо

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Маурицио Покетино по пет години поминати во Тотенхем, пред два дена доби отказ поради слаби резултати во оваа сезона.

– Мислам дека беше вистинско време Покетино да си оди. Се мачевме сезонава, формата не беше сјајна, а доказ за тоа се 24 бодови од 25 натревари… Не бевме добри во Премиер лигата. Финалето во Лигата на шампионите од минатата сезона ги покри недостатоците што ги имавме во играта, и мислам дека беше редно да се сврти нов лист – изјави О’Хара, кој е поранешен фудбалер на Тотенхем.

Маурицио Покетино во последните четири сезони завршуваше на една од првите четири позиции на табелата во Премиер лигата, но во оваа сезона Тотенхем по 12 кола се наоѓа на 14. место на табелата со 14 бодови, 11 помалку од четвртопласираниот Манчестер сити и дури 20 помалку од лидерот Ливерпул.

За очекување е одличниот аргентински стратег многу брзо да си најде нова работа, а медиумите низ Европа веќе го прогласија за нов тренер на Баерн Минхен. Од друга страна, нов тренер на Тотенхем е Жозе Мурињо.

– Мислам дека и во иднина ќе има фантастични резултати, верувам дека Покетино нема долго да биде без ангажман. Сега е еден од најбараните тренери на пазарот и убеден сум дека ќе замине во голем клуб. Од друга страна, нема подобар тренер за освојување на трофеи од Жозе Мурињо. Пред пет години многумина би ми се насмеале на оваа вест, би помислиле дека не можеме да донесеме тренер со негово реноме.

Сега вртиме нов лист, Жозе ќе стави свој печат на играта на Тотенхем кој наскоро повторно ќе се бори за трофеите. Мислам дека сопствениците ќе му дадат пари за засилувања, Мурињо не би прифатил да работи во било која екипа доколку не му биде обезбеден добар буџет за засилувања. Има добра екипа која ја разбуди и мислам дека ќе направи исчекор на табелата, а во зимскиот преоден рок ќе бара комплетно да се замени одбраната – додава О’Хара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот