За осум часа казнети 160 мотоциклисти

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Македонија вчера од 17 до 23 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

„Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот