За опуштање во летните ноќи направете си домашен ликер од грозје

Состојки:

1 килограм грозје по ваш избор
500 грама шеќер
1 лимон
1 мала лажичка цимет
1 литар ракија или вотка
100 милилитри вода
2 ќесички ванилин шеќер

Подготовка:

Секое зрно грозје убаво измијте го, а потоа пресечете го на половина. Добро измијте го лимонот и изрендајте ја кората, а сокот исцедете го.

Во поголема тегла ставете грозје, рендана кора од лимон, сок од лимон, шеќер, ванилин шеќер и цимет и сѐ убаво измешајте.

Смесата потопете ја со избраниот алкохол и со 100 милилитри ладна (зовриена и изладена) вода.

Добро затворете ја теглата и оставете ја на темно и ладно место минимум 4 недели.

Потоа, процедете го ликерот и складирајте го во стаклено шише.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот