Оние што фрлаат ѓубре кај што ќе им текне ќе платат казна од 150 евра

Отпад/ Фото: МИА

Граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе им текне ќе платат казна од 150 евра, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединците кои не вршат селекција на отпадот или не го одлагаат отпадот во посебните контејнери. 200 евра ќе платат тие што ќе запалат  отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата.

Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

Минатиот месец беа донесени  Законот за управува со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори  и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Од останатите закони поврзани со управувањето со отпад и неговото пакување беше и драстичното поскапување на најлонските кеси во маркетите и продавниците.

Од 1 декември годинава, пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

Видео на денот