За октомвриските избори во БиХ пријавени 108 политички субјекти

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

За учество на општите избори во Босна и Херцеговина во октомври до вчера до 16 часот, кога беше крајниот рок, пријава за заверка поднеле 91 политичка партија и 17 независни кандидати, јавува Анадолија.

Согласно Упатството за рокови и редослед на изборните дејствија за општите избори 2022 година, вчера  во 16 часот истече рокот за поднесување пријави за заверување на политичките партии и независните кандидати за учество на општите избори 2022 година, што ќе се одржат в недела, на 2 октомври.

„До Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) во пропишаниот рок беа поднесени 108 апликации од политички субјекти. Пријави за заверка за учество на општите избори во 2022 година поднесоа 91 политичка партија и 17 независни кандидати. Прелиминарен преглед на апликациите е објавен на веб-страницата на Централната изборна комисија на БиХ www.izbori.ba”, соопшти Централната изборна комисија на БиХ.

Централната изборна комисија на БиХ, согласно пропишаните рокови, ќе ги провери и завери пријавите на оние политички субјекти кои ги исполнуваат законски пропишаните услови, по што ќе бидат исполнети условите за поднесување барања за заверување на коалиции или листи на независни кандидати. .Рокот за поднесување барања за заверување на коалиции и листи на независни кандидати е од 6 до 14 јуни 2022 година до 16 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот